Медицински центар New Life

Програма донаторска јајце

Њу Лајф Специјализиран Медицински Центар за Гинекологија (СМЦГ) е партнер на водечки ланец ин-витро центри во Европа, којшто располага со криобанка за донаторски јајце клетки. По опстојно запознавање со методите на работа на криобанката за јајце клетки, имавме можноста да се увериме дека таа наполно одговара на високите стандарди за работа на Њу Лајф.

Целта на оваа информациона книшка е да Ви претстави основната информација, којашто треба да ја знаете пред започнување на ин-витро процедура со донаторски јајце клетки во Њу Лајф.



 

Користењето на донаторски јајце клетки се предложува на ин-витро пациентки, кога тие не можат да одделат свои сопствени јајце клетки или кога нивните јајце клетки се анормални, коешто не дозволува тие да бидат оплодени ин-витро. Кон користење на донаторски јајце клетки се преминува само по направени неопходни испитувања и изречна препорака на вашиот акушер, гинеколог, специјалист за лечење на бесплодност!

Дефиниции:

• Зборот „пациентката“ означува жената реципиент на донаторските јајце клетки којашто ќе ги прими добиените ембриони во утробата си, при бременост ќе ги износи и ќе стане мајка на детето/децата, коишто ќе се родат како резултат од лечењето.

• Зборот „таткото“ се однесува на партнерот на пациентката, мажот чии сперматозоиди ќе бидат користени за да се оплодат јајце клетките (освен во случаите, во коишто се користат донаторски сперматозоиди) и ќе биде татко на детето/децата, кои ќе се родат како резултат од лечењето.

Избор на донаторка

Банката за донаторски јајце клетки, со којашто работи клиниката Њу Лајф, селектира своите донаторки по строго одредени правила, коишто се во соодветство со барањата на Бугарското Министерство за здравство. На донаторките им се зима подробна анамнеза, којашто вклучува и генетични заболувања, пројавени во нивниот род. Тие преминуваат и медицински преглед, како и испитувања за следните трансмисивни (заразни) заболувања: HIV (AIDS), хепатит B, хепатит C, цитомегаловирус (CMV), хламидија и сифилис. Се испитуваат и кариотипот (комплет хромозоми) на донаторите, како и носење на пораспространетите мутации за цистична фиброза (муковисцидоза), спинална мускулна атрофија и кршлив Х хромозом. Дополнителни испитувања за други генетични заболувања можат да бидат направени по генетична консултација со специјалистот за определување на неопходноста од такви и нивните видови. Тоа, се разбира, ќе оскапи процедурата. Како пациенти треба да знаете дека правењето на гореспоменатите испитувања не дава полна гаранција за превенцијата на предавање на генетични заболувања.

Вие ќе имате можноста да изберете вашата донаторка од каталог, предоставен од клиника Њу Лајф, со тоа што изборот на донаторката се остварува со помошта на еден од нашите ембриолози на територијата на клиниката. Каталогот содржи следната информација: возраста на донаторката (максималната возраст е 34 години), надворешни белези, вклучително боја на кожа, очи, коса, тип коса (права, кадрава), висина, тежина, индекс на телесната маса (ИТМ). Информацијата што се однесува до образованието, професијата, хобијата и јазици што ги зборува донаторката, како и омилените и предмети во школото и бројот на децата што ги има, исто така ќе биде доставена. Ние ќе направиме се возможно да ви помогнеме да изберете најпогодната донаторка за Вас!

Идентитетот на донаторката останува апсолутно анонимен и се забранува на пациентите, како и на трети лица коишто делуваат од нивното име или од името на нивните семејства, да се обидуваат да раскријат било каква информација за донаторката, местото ка се наоѓа или контактна информација во сегашниот или во било кој друг момент во иднина. Од како ќе изберете својата донаторка, времето на проведување на вашата процедура ќе биде уточнето со вашиот лекар, за да се одреди датата за порачка на донаторските јајце клетки. На Вас и вашиот партнер ќе бидат направени неопходните испитувања и ќе ви бидат дадени информираните согласности и декларациите, коишто треба да ги пополните пред започнувањето на процедурата.

Work time

Address

© 2016 Medical center New Life | Design Loyal Consult Plovdiv